Членките на лезбејскиот хор од Загреб „Ле збор“ одржаа перформанс пред амбасадата на Србија во Загреб во знак на протест поради забраната на Прајдот во Белград. Со тамбурашката песна „мојата мала нема мани“ го искажаа несогласувањето со одлуката на српските власти да не дозволат одржување на „Парадата на гордоста“.
Држејќи го знамето и чадор со боите на виножито, тие ја отпеаа песната со малку изменети стихови.
Членките на „Ле збор“ за себе велат дека се првиот женски мешовит лезбијски и феминистички хор, а досега учествувале во многу европски градови.