(ВИДЕО) Курти и испрати порака на Србија: Третирајте го Косово како независна и суверена земја

Од:

Премиерот на Косово, Албин Курти на вонредна седница на Собранието повторно рече дека Србите на утрешниот референдум ќе можат да гласаат по пошта или во Канцеларијата за врски во Приштина.

„Никој никому не му го ускратува правото на глас. Едноставно, поради тоа што функцијата на Амбасада на Србија ја врши Канцеларијата за врски во Приштина, гласањето на референдумот може да се изврши таму како што е во склад со нашиот Устав“ – рече Курти.

Претходните години, гласачите од Србија не гласаа како граѓани од странство туку како внатрешни жители. Тоа е погрешна пракса и нема никакво оправдување да се продолжи со грешката смета косовскиот премиер.

„Косово е независна и суверена држава и како таква треба да се третира. Собранието, потпирајќи се на Уставо, не го признава правото на една држава еднострано да организира референдум на суверена територија на друга држава“ – истакна Курти.

Би можело да ве интересира

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Курти: Односите со САД никогаш не биле подобри

А1он

Петковиќ: Србите во Косово и Метохија имаат задача да го зачуваат опстанокот на вековните огништа

А1он

Курти: Србија ги копира руските методи за да му се заканува на Косово и целиот регион

А1он

Курти го обвини Белград за прекинот на струја во Косово: Терористички напад

Курти: Министрите за правда работат на решавање на екстрадицијата на Демири и Исмаиловиќ

А1он