ВИДЕО: Конститутивната седница на косовскиот парламент се претвори во сапуница, неуспешен обид број 13

Од:

Пропадна и 13-тиот обид за конституирање на косовското собрание. Седницата денеска е прекината.

Од 113 пратеници кои беа во салата, за Комисијата на тајно гласање гласаа 56 пратеници, по што преседавачот изјави дека седницата е прекината. Продолжението на седницата е закажано за в недела во 10 часот.

Претходно претставници на опозициските партии не сакаа да именуваат членови на Комисијата за тајно гласање од нивните политички партии.

Кандидатката на Самоопределување за претседателка на Собранието на Косово Аљбуљена Хаџија досега не успеа да добие доволен број гласови.

Конститутивната седница почна на 15 април, кога беше прекината бидејќи не беа верификувани пратеничките мандати. Оттогаш продолжува на секои два дена, а денеска беше 13. обид за конституирање на Собранието на Косово.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Загрозени сме од воениот сојуз на Хрватска, Албанија и Косово, ќе ја браниме нашата територија

Катерина Ѓуровски

Симиќ: Во експозето на Курти нема Срби, ниту пак правата што ни се гарантираат со Устав не ни се загарантирани

Избрана нова влада во Приштина, Курти е премиер по трет пат

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Курти доби мандат за формирање на нова косовска Влада

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски