По масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“, на социјалните мрежи се појавија низа застрашувачки видеа на кои се величи момчето убиец, но последниве денови тој тренд станува се поморбиден.
Имено, сега на Тик-Ток има актуелен филтер со кој децата од регионот, но и од странство избираат меѓу момчето убиец и неговите жртви.
Тие кратки видеа на Тик-Ток изгледаат вака: на едната страна се 10-те жртви, а на другата е момчето убиец. Тогаш авторите на видеото, движејќи ги главите лево или десно, избираат кој е за нив „кралот“.
Страшно е што филтерот го совлада Тик-Ток. Го користат најмногу луѓе од регионот, но меѓу нив и странци кои, без разлика дали знаат за што се работи или не, од смеење го избираат и величаат момчето убиец.
@its.isal.y ♬ Originalton – ❤️🩹
Во коментарите на тие видеа луѓе апелираат да престане оваа морбидна практика.
„Ти треба помош!“, „Тоа е нечија сестра, нечиј брат, нечиј најдобар пријател…“, „Кој ќе повика полиција!?“, се дел критиките во коментарите, но по правило, нема одговор од авторот на видеата.
Како што може да се види на едно од видеата објавени од очигледно малолетно девојче, таа има фотографии од жртвите и момчето убиец над главата. Девојчето ги затвора очите, се насмевнува и ја врти главата на страна со сликата на момчето убиец, додека од другата страна наизменично се менуваат фотографиите на жртвите.
Дали странците воопшто знаат за што се работи се уште не е сигурно, но забележливо е дека во таговите под објавите често се среќаваат името на момчето убиец и „емоџито“ на бицепс, што укажува на сила.
Да потсетиме, невидена трагедија во Србија се случи на 3 мај во Белград, во Врачар, кога ученик од седмо одделение со пиштолот на својот татко влезе во училиштето „Владислав Рибникар“ и уби деветмина негови врсници и училишниот чувар.