ВИДЕО: Кнезот Павле ги помири кралските потомци

Од:

На пладне во Белград се изврши цеременијата на полагање на посмртните останки на кнезот Павле Караѓорѓевиќ, кнегињата Олга и на принцот Никола Караѓорѓевиќ со највисоки државни почести.

Пред големиот број граѓани, претседателот на Србија Томислав Николиќ изјави дека српскиот народ конечно може да го тргне од грбот товарот што самите го натовариле кога заслепени со сегашноста заборавиле на почитувањето на вредното минато.

„Не го наоѓа денеска само кнезот Павле својот мир, туку сите без разлика на верската определба. Кралството Србија беше почитувано во целиот свет, а генерациите учеа дека се од комунизмот е добро, а од времето на Кралството лошо. Вистината не е ниту бела ниту црна, туку има илјади нијанси“, рече Николиќ.

Принцезата Јелисавета Караѓорѓевиќ, видно потресена изјави дека ова е голем ден за нејзиното семејство со оглед дека нејзиниот татко е повторно во Србија.

Нејзиниот братучед, престолонаследникот Александар Караѓорѓевиќ на скалите на семејниот мавзолеј ја гушна и ја бакна со што завршија недоразбирањата во кралското семејство.

Видно потресен престолонаследникот Александар Караѓорѓевиќ со солзи во очите кажа дека денеска се веќе “обединето семејство кое му оддава почит на враќањето дома на нивните кралски височества“.

Посмртните останки на кралското семејство Караѓорѓевиќ, во четвртокот беа пренесни од Лозана во Белград.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија

Убиство во Инџија, уапсени се три лица, по четвртиот се трага

Горан Наумовски