(ВИДЕО) Каракачанов и Џамбаски: Македонија е бугарска

Од:

Лидерот на бугарската парија ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов и бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски на „Фејсбук“ споделија ново видео кое започнува со „Македонија е бугарска“. Целта на видеото е тие и нивната партија да се претстават како патриоти и да добијат повеќе поддржувачи, а доаѓа по анкетата спроведена во Бугарија, која покажува дека тамошните граѓани сметаат дека не треба да се тргне ветото за пристапни преговори на Македонија со ЕУ.

„Македонија е бугарска. Факт на кој не му треба доказ. Факт што Зоран Заев го заборава кога е во Скопје. И тој се сеќава само кога ќе побара нешто. Бугарија отсекогаш ја сакала Македонија. Но, Бугарија не треба да биде уценувана! Пријателството се гради со доверба и доследност. Вистината не може да се заобиколи, а историјата треба да ја отфрли судбината на секој предавник. Бугарија и бугарските патриоти ќе ја продолжат нашата битка за вистината“, напшаа Каракачанов и Џамбаски.

Во видеото се наведува дека Македонија ја краде бугарската историја, а со снимки од Скопје, спомениците од „Скопје 2014“, македонското знаме. Во него има и изјави од премиерот Зоран Заев, каде меѓу другото вели: „Бугарија стави вето, го прекрши Договорот за добрососедство и пријателство“, а потоа, продолжува текст: „На патот ви стои вистината, не Бугарија“.

Би можело да ве интересира

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Рокас: Соработката меѓу Македонија и Бугарија сега е повеќе важна е кога и да било

Возач во Бугарија возел со 3,04 промили алкохол во крвта, казнет е со 18 месеци затвор

А1он

Девојка со нож избоде тројца мажи во Софија, еден од ранетите се бори за живот

Мицкоски: Се што ветивме на изборите многу внимателно го исполнуваме