ВИДЕО: Канадери и 250 пожарникари и утрово го гаснат страотниот пожар кај Сплит, куќите се одбранети

Од:

Големиот пожар што ја зафати околината на Сплит и утрово продолжува да гори. Иако изгледа дека состојбата е подобра од синоќа и е воспсотавена некаква контрола, од утрово канадерите повторно се на терен, а гаснат и 246 пожарникари со 71 возило.

Според последните информации објавени од хрватските медиуми, големиот оган утрово веќе не е опасност за куќите.

Во пожарот нема повредени, во неколку места во околината на Сплит има чад и се шири неподнослива миризба. Единственото стравување сега е како ќе се движи ветерот кој би можел повторно да направи проблеми околу состојбат со пожарот.

„Пожарот е активен во областа Ситни Горњи, таму работат канадерите, другите делови се релативно обезбедени. Куќите не се загрозени, насекаде има отворен оган, има многу проблеми на терен, се ќе решиме.

Имавме долга ноќ, ќе имаме долг ден. Не можеме да кажеме дали е подобро утрово. Има многу работа. Два канадери во моментов се таму“, изјави за Индекс шефот на сплитската противпожарна служба Марио Микас.

Би можело да ве интересира

Убиениот ограбувач на банка во Сплит одлежа 20 години за убиство при грабеж на продавница за алкохол

А1он

Хрстиќ: Подготвени сме да примиме на лекување уште повредени од пожарот во Македонија

Двајца повредени од пожарот во Кочани пристигнаа на лекување во Загреб

Цвијановиќ ги повика Хрватска и Србија да одржат нови преговори за Дејтон

ВИДЕО: Акцијата за спасување на Костелиќ во Црна Гора траела пет часа, објавени снимки

Црногорската војска го спаси Ивица Костелиќ од морето кај Улцињ