(ВИДЕО) Јовановиќ нападна бремена пратеничка: Лекарите се борат за животот на бебето

Од:

Претседателката на српското Собрание, Ана Брнабиќ, по смирувањето на поголемиот дел од хаосот што го предизвикаа пратениците од опозицијата, изјави дека во опасност е и пратеничката Соња Илиќ, која е во осмиот месец од бременоста, бидејќи вдишала чад.

Животот на нејзиното бебе е во опасност, истакна Брнабиќ и додаде дека лекарите се борат да го спасат бебето.

Како што се гледа на фотографијата, лидерот на Демократската партија на Србија, Милош Јовановиќ, ја нападна бремена пратеничка.

Другата пратеничка Јасмина Обрадовиќ, исто така пратеничка на СНС, била погодена со шок-бомба во главата, а нејзиниот живот е во опасност бидејќи доживеала мозочен удар.

Според Брнабиќ, физички повреди се здобила и пратеничката Јасмина Каранац.

Би можело да ве интересира

Уапсен стружанец кој прегази пешак во Србија, бегал 320 километри

Катерина Ѓуровски

Јовиќ: Србија прими 30 пациенти по пожарот во Кочани, 17 беа лекувани во Клиниката за пластична хирургија и за наша среќа сите преживеаја

Катерина Ѓуровски

Милановиќ: Србија набавува офанзивно оружје и тоа ме загрижува, ние купуваме како овчари

Катерина Ѓуровски

Пленковиќ: Ќе го предупредиме НАТО за новото оружје на Србија

ВИДЕО: Оштетена српската амбасада во Техеран

Српските студенти порачаа: „Нема да одиме за совет во Москва“

Горан Наумовски