ВИДЕО: Изгоре и потона катамаран во водите кај Сплит

Од:

Катамаран потона во водите на Дрвеник, Хрватска каде во неделата попладне избувна пожар, а спасени се сите десет лица кои се наоѓале во пловилото во моментот на пожарот, информираат од сплитската полиција.

@dalmatinskiportal Gust dim nadvio se kod Krknjaša. Planuo brod zbog kvara na bateriji. Više na www.dalmatinskiportal.hr! #pozar #brod #krknjasi #fyp ♬ original sound – Dalmatinski portal

„Пожарот бил пријавен во 13 часот и 40 минути, а во тој момент на пловилото имало десет лица. Пожарот избувнал додека катамаранот бил во заливот познат како Сината лагуна“, изјавила портпаролката на полицијата, Антонела Лолиќ.

Луѓето кои биле на катамаранот го напуштиле пловилото и се обиделе да го изгаснат пожарот, а на помош им пришле и пожарникари. И покрај се, катамаранот потонал еден час подоцна.

Се уште не се познати причините за пожарот, а за инцидентот е известена и Капетанијата.

На местото на настанот била и Поморската полиција. Според првите неофицијални информации, причина за пожарот може да биде техничка грешка.

Би можело да ве интересира

Силувач во Хрватска доби мала казна затвор само затоа што е учесник во Татковинската војна

ВИДЕО: Пијан возач упадна на рели трка во Хрватска, ќе се судреше со натпреварувач

Украина почна да извезува жито преку хрватските пристаништа

Денови на македонската култура во Задар и Шибеник

Предраг Петровиќ

Задарски таксист „киднапираше“ странец и му бараше 150 евра за такси превоз

Горан Наумовски

Келнер од Србија бараше плата, газдата брутално го претепа: „Ќе те убијам и ќе те закопам“

Горан Наумовски