Матеј Периш, кој исчезна ноќта меѓу 30 и 31 декември, е снимен како трча по улиците, запира такси, а потоа плива во Сава.
На видеото се гледа млад човек кој според описот одговара на исчезнатиот Матеј Периш и кој трча по шеталиштето од правец на салата Бетон кон шеталиштето Сава, а потоа по околните улици.
Во еден момент се обидува да го запре таксито, но возачот не го внесува во возилото.
Последното видео до кое српските медиуми дојдоа покажува како едно лице плива на Сава покрај брегот до салата „Бетон“.