(ВИДЕО) Инцидент во косовското Собранието: Пратеничка фрлаше јајца кон Курти

Од:

Констутитивната седница на собранието на привремените институции на Приштина повторно беше прекината откако лидерот на движењето Самоопределување Албин Курти повторно побара дополнително време за разговори со партиските лидери за изборот на претседател на привремените институции. Ова предизвика незадоволство кај пратениците, а додека Курти одеше од говорницата кон своето место, пратеничката на Алијансата, Тиме Кадријај, фрли јајца кон него, по што пратениците на Самоопределување станаа за да го заштитат.

Претседавачот на седницата, Авни Дехари, потоа повика обезбедување во салата и ја прекина седницата. На почетокот на конститутивната седница, кога се очекуваше да предложи кандидат за претседател на собранието на привремените институции, Курти, како и во четврток, побара дополнително време.

„Сè уште немаме политички договор, па за да избегнеме нови избори, барам дополнително време“, рече тој.

Конститутивната седница на собранието на привремените институции беше прекината и во четврток бидејќи Курти побара дополнително време за разговори со опозицијата за избор на претседател на привремените институции.

Рокот за конститутивната седница на собранието истече на полноќ, бидејќи според одлуката на Уставниот суд, конститутивната седница на собранието мора да заврши во рок од 30 дена од потврдувањето на резултатите од изборите.

Самоопределување и Демократската лига на Косово не постигнаа договор за формирање на институции во последните денови.

Би можело да ве интересира

Курти пред победа на изборите во Косово

Симиќ: Во експозето на Курти нема Срби, ниту пак правата што ни се гарантираат со Устав не ни се загарантирани

Избрана нова влада во Приштина, Курти е премиер по трет пат

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Курти доби мандат за формирање на нова косовска Влада

Курти во Скопје, МВР најави посебен режим на сообраќај