(ВИДЕО) Инцидент пред зградата на Владата на Црна Гора: Демонстрантите се обидоа да ја пробијат оградата

Од:

Усвоен е Основниот договор со Српската православна црква (СПЦ) по повеќе од четири часа дискусија, изјави премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ.

За усвојување на Основниот договор гласале 13 министри, пет биле против, додека тројца министри не присуствувале на седницата.

Со ова, Владата го усвои Договорот што претходно го договори премиерот Дритан Абазовиќ со патријархот на СПЦ Порфириj и покрај противењето на дел од министрите и парламентарното мнозинство кое ја поддржува таа Влада.

Откако Владата го усвои предлогот на текстот, пред зградата на извршната власт се случи инцидент меѓу граѓани кои протестираа, јавува подгоричкиот портал ЦДМ.

Тие го блокираа патот пред зградата на Владата, наизменично поминувајќи ја улицата од едната на другата страна. Тие се обиделе да ја пробијат заштитната ограда, а потоа ја пееле државната химна. Ги вклучиле и сирените за аларм. Граѓанскиот активист Александар Саша Зековиќ се обидел да упадне во зградата на Владата, но полицијата го спречила во тоа, пишува порталот.

Би можело да ве интересира

Мелони е уверен дека Црна Гора ќе стане 28-та членка на ЕУ

Земјотрес ја погоди Црна Гора

Црногорската војска го спаси Ивица Костелиќ од морето кај Улцињ

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните