Откако хрватскиот неделник „Новости“ објави статија за „црковен кафич“ во загребска населба, локалните активисти на „Граѓански акции“ одлучиле да проверат што навистина се случува во црквата.
Неделникот објавил дека во црквата има илегално кафуле, кој сметките ги нарекува „Придонес за пијалоци“, а со кафето и соковите се точи и алкохол. Текстот беше објавен на 11-ти март, а кафичот се уште работи.
„Црквена илегална алкохолна точилница работи си полна пареа“ велат од „Граѓански акции“.
Тие велат дека нема ценовник, дозволено е да се пушат сицгари иако нема вентилација, а неа ниту сметка.
„Свесен сум дека не е во согласност со законот во овој момемент, а веројатно веќе и кршиме некои закони. Не сметам дека тоа е некој толку страшен грв за да го затворам“, вели на видеото свештеникот кој го контактирале активистите.
Јасна Атанасова