ВИДЕО: Хеликоптер удри во болница во Турција, четворица мртви

Од:

Хеликоптер се урна во болница за обука и истражување во Турција, при што загинаа четири лица.

Според турските медиуми, хеликоптерот се урнал во близина на болницата. Во несреќата животот го загубија пилотите, лекар и еден член на персоналот.

– Хеликоптер на брза помош на Министерството за здравство при полетување удрил во 4 кат во Тренинг и истражувачката болница и се урнал. Маглата е густа, причината за несреќата се истражува. Хеликоптерот потоа падна на празен простор – изјави гувернерот на Мугла Идрис Акбик.

По известувањето за несреќата, на местото на настанот се испратени екипи на противпожарна, медицинска, полиција и АФАД.

Веројатна причина за несреќата е маглата, а по несреќата на социјалните мрежи беа објавени видеа и фотографии од урнатиот авион.

Би можело да ве интересира

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ