ВИДЕО: Хаос во Словенија, Хрватска го вклучи алармот, Србија е следнa

Од:

Силно невреме зафати делови од Долењска во Словенија и предизвика значителна материјална штета. И хрватските метеоролози ги вклучија сите аларми, а се предвидува невремето да стигне и до Србија.

Невремето во Словенија започна во Иванчна Горица, па се прошири сè до Требње, а во моментов се движи кон Кршко.

Големиот град искрши дури и стакла на автомобилите.

По вклучувањето на алармот на Агенцијата за животна средина (АРСО) на Република Словенија, жителите пријавија обилни врнежи од дожд, особено во околината на Бич, каде невремето беше најсилно.

Синоптичарите предвидуваат дека бурата ќе се движи кон исток и предупредуваат дека следните неколку часа може да донесе слични услови.

Сликите од социјалните мрежи покажуваат огромно количество мраз кој ги побеле улиците.

Невремето се движи кон исток, а се очекува вечерва повторно да пристигне грмежи облаци во Србија и да донесе голема количина на дожд.

Во меѓувреме алармот е вклучен и во Хрватска.

Метеорологот на ХРТ Изидор Пелајиќ известува дека веќе денеска, а особено утре ќе има силно невреме во Далмација, па се очекува освежување.

Би можело да ве интересира

Најмалку 100 лица загинаа во невреме во Индија

Горан Наумовски

Најмалку 17 лица загинаа во невремето во САД

Бројот на жртвите од невремето во САД се искачи на пет

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Извлечени завеани пет малолетни и едно возрасно лице од село Рајчани