ВИДЕО: Грција се бори со хаосот од поплавите, најмалку шестмина загинаа

Од:

Најмалку шест лица загинаа, а повеќе од шест се водат како исчезнати откако бурата Даниел ја погоди централна Грција.

Невремето донесе обилни врнежи од дожд кои предизвикаа поплави и одрони, а уништени се патишта и мостови.

Премиерот Киријакос Мицотакис го одложи годишниот говор за економската политика закажан за овој викенд и наместо тоа ќе ги посети поплавените подрачја погодени од силен дожд од понеделник, објави Ројтерс.

„Апсолутен приоритет на државниот механизам во моментов е спасување и евакуација на луѓето од погодените области“, рече владиниот портпарол Павлос Маринакис на брифинг со новинарите.

Маринакис најави дека Мицотакис кон средината на следната недела ќе одржи говор за економската политика.

Од вторникот во Грција се евакуирани 820 лица, од кои 750 во регионот на Тесалија. ЕУ е во контакт со Грција за да обезбеди поддршка, напиша претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на платформата Икс (Твитер).

Туристичките агенции од повеќе земји меѓу кои и од Македонија ги откажаа аранжамните за островот Скијатос.

Во поплавите во Грција во 2017 година загинаа 25 луѓе, а стотици останаа без покрив над главата.

Би можело да ве интересира

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он

Грчката полиција го забрани денешниот најавен собир на Албанците во Атина