Грчки левичарски активисти денеска ги „нападнаа“ конвоите на НАТО и на американските сили. Тие со црвена боја ги гаѓаа оклопните возила кои со воз се движеа кон Полска.
Американските оклопни возила пред неколку дена беа истоварени во пристаништето Александрополис, а оттаму со возови се транспортираат во Полска.
Комунистичката партија на Грција побара железничарите да одбијат да опслужуваат возови кои превезуваат американска и НАТО опрема.