Брачен пар од Грција бил нападнат од менаџер на плажа на Халкидики затоа што мажот и жената сакале да седат на пешкири, а не на лежалки.
„Хелас Пост“ објави сведоштво на брачниот пар по нападот на плажата Кастамонити.
Жртвите се на возраст од 70 и 74 години, а мажот се здобил со тешки повреди поради кои завршил на операција.
– Почна да нè навредува и да нè пцуе, а потоа почна да нè тепа. Викаше дека сака да нè удави во море. Повикав помош, но никој не дојде освен една девојка, вели жената.
Овој инцидент се случува во период во кој локалните жители и туристите го покренаа „движењто на пешкирите“ чие осново барање е баровите да ослободат делови од плажите кои не им припаѓаат за да можат лушето да се сместуваа на пешкири или столчиња кои сами си ги носат.