(ВИДЕО) Гори кај Улцињ: Пожарите уништија маслинови насади, огнот се приближува до црква

Од:

Борбата со пожарите на подрачјето на Улцињ продолжува и денеска, откако во текот на ноќта на Бриска Гора и во селото Клезна изгореа маслинови насади и плантажи со мандарини.

Најкритична е состојбата во Клезна, каде што огнот се приближил до црквата, пренесува РТЦГ.

Во гаснењето учествуваат пожарникари од Улцињ и Жабљак, со помош на локалното население и противпожарни воздухоплови.
На Бриска Гора огнот се доближил до регионалниот пат Улцињ – Скадар, во близина на исклучувањето за селото Горана.

Пожарникарите интервенираат од патот, обидувајќи се да го спречат ширењето на пламените јазици кон сообраќајницата.

На терен се ангажирани голем број припадници на Службата за заштита и спасување и на Војската на Црна Гора, додека во гаснењето од воздух е вклучен и авион „Антонов“.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија