(ВИДЕО) Големо невреме во Србија, бурата урива се пред себе

Од:

Силно невреме ја погоди денес Србија, а бурата, проследена со обилни дождови и град, го погоди и Белград. Драматични снимки од силното невреме кружат на социјалните мрежи.

Големото невреме што го погоди главниот град крши и урива сè на својот пат, па покрај крановите и контејнерите, најпогодени се и дрвјата. Во некои делови од градот, налетите на ветерот надминаа 100 км/ч.

На пример, на улицата Јуриј Гагарин во Нов Белград, ветерот искорна огромно дрво, по што падна врз возило. Поради силното невреме, во Лединa се урна покрив. Како што може да се види на видеата објавени на социјалните мрежи, силните ветрови создале песочна бура. А според најновите информации, се урна и кран на градилиште.

Би можело да ве интересира

Пленковиќ крена тревога поради Србија: „Ова е шопинг-манија“ – Загреб ги информираше партнерите

Возач на камион од Македонија загина кај Лесковац

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Силна бура зафати делови на САД: откажани стотици летови, илјадници без струја

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Србија отвори фабрика за израелски дронови, најавени уште три низ земјата

(ВИДЕО) Безобѕирно возење на српските патишта – еден се движи со 185, а другиот со 211 километри на час

А1он