(ВИДЕО) Голема несреќа на северот на Грција: Се судрија возови, најмалку 32 лица загинаа, 85 се повредени

Од:

Патнички воз со неколку стотини луѓе синоќа нешто пред полноќ се судри со товарен воз во близина на Темпи кај Лариса, јавуваат грчките медиуми. Според последните податоци, во оваа катастрофална несреќа загинале 32 лица, а најмалку 85 се повредени.

Судирот предизвика уништување на неколку вагони со патници. На местото на настанот спасувачите пронајдоа шокантни сцени: човечки тела и повредени луѓе беа насекаде околу патеката, а други беа во остатоците од вагоните.

Како што пишува грчки Катимерини, несреќата се случила нешто пред полноќ во близина на градот Темпи, а спасувачите засега потврдиле дека има 32 жртви и 85 повредени патници. Сепак, се уште ги пребаруваат вагоните, па се стравува дека бројот на загинати и повредени ќе биде поголем.

Од 85 повредени патници, дури 25 се во многу тешка состојба.

По ударот, кој бил страшен, се запалиле вагоните на двата воза.

Според пожарникарите кои брзо пристигнале на лице место, пожарот во најголем дел е изгаснат, а акцијата за спасување е во тек. Медицинските екипи чекаат пожарникари да го ослободат пристапот до вагоните и потоа да ги евакуираат повредените.

Несреќата се случила нешто пред полноќ, пренесува Катимерини, а околностите под кои се случило се уште не се разјаснети. Патничкиот воз бил на релација Атина-Солун.

Извлекувањето на повредените и акцијата за спасување траеше цела ноќ, а во неа учествуваа повеќе од 150 пожарникари и дури 40 возила на брза помош. На терен се и 32 полицајци со 15 патролни возила, како и возила со кранови, кои се користат за подигање на остатоците од возовите.

Според шефот на противпожарната служба Василис Ватракојанис, патниците кои се во стабилна состојба се превезуваат со автобус до Солун.

– Вагон 1 и 2 не постојат. Од силината на ударот тие се исфрлени од патеката – изјави Костас Агорастос, регионален гувернер на Тесалија.

Началникот на смената во Лариса, во чија смена се случила несреќата, е приведен на распит во полициската станица Лариса.

Патниците кои без повреди беа евакуирани од возот на смртта за грчките медиуми зборуваа за моментот на несреќата:

– Се слушна силен тресок… Возот беше полн… Знам дека возот доцнеше, а потоа се слушна тресок – рекол еден од патниците.

Министерот за цивилна заштита, Христос Стилијанидис, од првиот момент на несреќата е во Центарот за кризни состојби со други претставници на грчката Влада. Беше активирана Првата армија на грчката армија, како и воените болници во Атина и Солун.

Според Хеленик Трејн, во моментот на судирот во патничкиот воз имало најмалку 350 луѓе.

И оваа компанија излезе со соопштение:

„Во Евангелисмос имаше директен судир на два воза: товарен воз и воз ИЦ 62 на линијата Атина-Солун. Во составот во моментот на судирот имало околу 350 патници. Пожарникарите и персоналот на компанијата отишле во на терен, и учествуваат во спасувачката акција“.

Би можело да ве интересира

30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избувна нереди

Сообраќајниот инспектор на Грчките железници е уапсен за несреќа кај Лариса

Горан Наумовски

Истрагата за судирот на возот во Грција покажа дека шефот на станицата не бил обучен за својата работа

Шефот на станицата во Лариса и 35 минути по несреќата не знаел за судирот на возот

ВИДЕО: Десетици илјади Грци на улиците поради железничката несреќа, фрлаа молотови коктели

Ана Ололовска

Шефот на станицата во Лариса останува во притвор

Горан Наумовски