(ВИДЕО) Голем протест во Белград: Црвен картон за власта и барање да се повторат изборите

Од:

Илјадници луѓе ги исполнија централните улици на Белград денеска на протест под слоганот „Не се согласуваме“, кој беше организиран во екот на постизборната криза и барањата за поништување на изборите одржани на 17 декември, кои дел на левичарската опозиција се обидува да докаже дека се украдени.

Протестот го организираше група јавни личности собрани околу иницијативата „ПроГлас“, а студентите се приклучија на собирот по 24-часовната блокада на патиштата, барајќи да се отвори избирачкиот список и да се утврди кој и со кое право гласал, особено во Белград.

На насобраните им се обратија иницијаторите на ПроГлас, актерката Светлана Бојковиќ, универзитетските професори Миодраг Јовановиќ и Филип Ејдус и студенти кои со денови организираат повремени блокади на патиштата во Белград.

Во предизборната кампања таа иницијатива повика на масовен одзив на гласачките места, со порака дека „на Србија не и треба култ на личноста, туку слободни граѓани кои управуваат со односите во сопствената земја“.

На саботната средба, исто така зборуваа и носителите на изборната листа на опозициската коалиција на левиот центар Србија против насилство, Мирослав Алексиќ и Мариника Тепиќ, кои започнаа штрајк со глад на 18 декември, поддржувајќи ги барањата за поништување на изборите, пред се во Белград.

Тепиќ на 13-тиот ден од штрајкот со глад ги поздрави граѓаните на протестот и рече дека единствено што има да каже е дека изборите мора да се поништат.

На Мариника Тепиќ, која повеќе од една недела прима инфузија, на бината и помогнаа колегите од опозицијата Радомир Лазовиќ и Мирослав Алексиќ, а таа насобраната толпа ја поздрави со стисната тупаница и на работ на солзи. „Единствено што можам да ви кажам е дека ви кажав се и дека изборите мора да се поништат“, рече Тепиќ.

Еден од лидерите на опозициската коалиција Србија против насилство, Здравко Понош, изјави дека „ова не е завршена работа“. Ни претстои борба на сите фронтови, и на улица и во институции“.

Заеднички именител на пораките од митингот е дека изборите се „очигледно украдени“ и мора да се поништат и повторат под подобри и пофер услови.

Демонстрантите со црвени картони во рацете се упатија кон седиштето на Државната изборна комисија, а потоа кон Уставниот суд.

Според официјалните податоци, Српската напредна партија (СНС) на претседателот Александар Вучиќ на предвремените парламентарни избори на 17 декември освои 46,72 отсто од гласовите.

Дополнително, таа оствари тесна победа во Белград, каде опозицијата смета дека имала повеќе гласови, но дека и биле украдени со бројни злоупотреби и изборен инженеринг, заедно со миграцијата на гласачите и носењето гласачи од БиХ и српските градови каде немаше локални избори.

Би можело да ве интересира

Александар Шапиќ повторно избран за градоначалник на Белград

ВИДЕО: Вучиќ објави снимка од победничката прослава

Катерина Ѓуровски

СНС прогласи победа на локалните избори во Србија, опозицијата тврди дека Ниш и Чачак се „слободни градови“

Катерина Ѓуровски

Белградските и локалните избори во Србија ќе се одржат на 2 јуни

ВИДЕО: Во Белград ќе има нови избори

Катерина Ѓуровски

Со свирежи и транспаренти конституирано српското Собрание, опозиционерите дадоа заклетва во холот