ВИДЕО: Голем пожар во центарот на Сплит го уништи магацинот на „Слободна Далмација“

Од:

Околу 16:30 граѓани пријавиле пожар во самиот центар на Сплит, во близина на крстосницата на улиците на Татковинската војна и ХРМ, јави „Далмација Данас“.

Како што е наведено, пожарот избувнал во магацинот на весникот „Слободна Далмација“. Тоа е простор што се користи како гаража, а вработените се евакуираат од соседната зграда каде се наоѓа редакцијата.

Засега само е познато дека гори голема количина хартија, а огнот се обидуваат да изгаснат 20 пожарникари од Одделот за пожар во Сплит и Доброволната противпожарна бригада (ДВД), со пет возила.

Огнот е локализиран околу 19 часот.

Би можело да ве интересира

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Пожарот кај Шибеник го гаснат повеќе од 50 пожарникари и „канадери“