Штрајк, прoтести и блокади се одвиваат денеска низ речиси сите градови во Србија. На штрајкот на кој повикаа студентите, денеска се приклучија голем број културни, здравствени и просветни работници. Не работат и дел од големите компании како и бројни помали приватни бизниси.
Протести огранизираат и средношколците. Голем број родители на учениците исто така излегоа на улиците во знак на поддршка на нивните деца, но и на просветните работници.
Полицајци се распоредени пред службениот влез на Собранието во Белград. .Голем број продавници низ Белград се затворени, јавија белградските медиуми.
Gimnazija
Kraljevo
Kišica rominja, mi uživamo pic.twitter.com/KYuCgdIESe— Снебивљива аждаја (@Mrs_Crownix) January 24, 2025
Пратениците и советниците од Нови Сад го блокираа автопатот Нови Сад – Белград, објави потпретседателката на Партијата за слобода и правда, Мариника Тепиќ.
„Почитувани ученици, наставници, родители и сите граѓани на Нови Сад и Србија, заедно, солидарно до исполнување на сите барања на студентите. Го блокиравме автопатот Нови Сад – Белград“, се вели во објавата на Мариника Тепиќ на социјалната мрежа Х.
Krenula blokada auto puta pre naplatne rampe kod Vrčina
IDEMO SRBIJA!!! pic.twitter.com/teBDJjj9pk— Aleksandar Petrović (@gradjaninpokorn) January 24, 2025
Штрајк и протести има во многу градови и помали места низ Србија. Се повеќе луѓе во текот на денот излегуваат на улиците, засега најмасовно е во Белград и во Нови Сад.
[Srednjoškolci Beograd] POČEO JE
PROTESTIspred zgrade Vlade već se okupio veliki broj građana koji su se odazvali pozivu srednjoškolaca
Očekuje se tišina u 11:52, a zatim šetnja do Ušća pic.twitter.com/sOl28oBHkq
— KRIK (@KRIKrs) January 24, 2025
Како одговор на овие денешни случувања, владеачката СНС за денеска најави голем собир во Јагодина на кој е најавено да зборува претседателот Александар Вучиќ. Тој денеска го посети градилиштето на EXPO 2027 и порача „Србија работи, Србија се гради“.