ВИДЕО: Гастарбајтери со скапо „Ауди“ фрлија ѓубре покрај пат во Босна, минувачи ги натераа да го соберат

Од:

Една од најпрепознатливите лоши навики на луѓето на Балканот е фрлањето ѓубре на несоодветни места, а посебно популарни се локациите покрај патиштата, каде е наједноставно да се застане со автомобилот и да се остави отпадот, како да е тоа најнормална работа.

Во еден таков случај во Сребреник кај Тузла, во Босна и Херцеговина, минувачи забележале еден маж и две жени со скап автомобил „Ауди“ со германски таблички, како оставаат голем број кеси со ѓубре покрај патот.

Со одлучна реакција, минувачите, кои се заканиле дека ќе ја повикаат полицијата, ги натерале загадувачите да си го соберат ѓубрето од мини-депонијата што ја направиле покрај патот.

Би можело да ве интересира

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина