ВИДЕО: Екстремно високо ниво на реките, вонредна состојба во делови од земјата, Хрватска се бори со поплавите

Од:

Хрватска и натаму се бори со големите поплави што поради обилните врнежи зафатија делови од земјата. Населението во погодените региони е предупредено дека врвот на ситуацијата со врнежите се очекува денеска, а ситуацијата ќе ја влоши и водениот бран кој се очекува од Словенија.

Откако за само 24 часа наврнаа 250 литри на метар квадратен, водостојот на реката Зрмања во Обровац достигна историски 302 сантиметри, што е дури 39 сантиметри над највисокиот водостој на Зрмања измерен во тој град. Тешка е ситуацијата и во Грачац. Вчера најкритично беше во Хрватска Костајница каде беше прогласена вонредна состојба, а реката Уна расте од час во час.

Борбата со поплавите се води и во Карловачкиот регион. Според проценките, максималните водостои на реката Купа во Карловац се очекуваат во текот на вечерта, а утринава беа измерени 826 сантиметри, што е 4 сантиметри под прагот за прогласување вонредна состојба. Реката Корана веќе се излеа од коритото.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка во Сплит, повредени се пет деца

Хрватите следната недела ќе ги бојкотираат банките и телекомуникациските компании

Доставувач на Волт врши нужда во ходникот на зграда во Хрватска

Предраг Петровиќ

85 училишта во Хрватска добија исламистички закани, во истрагата се вклучи и Европол

Конечна пресуда: Иво Санадер не е воен профитер

Евакуација на училишта во Хрватска, добиле закани за бомби