ВИДЕО: Експлозија на гас во кафе-бар во Урошевац, најмалку 30 повредени

Од:

Најмалку 31 лице е повредено во експлозија во кафуле во Урошевац (Феризај), потврди локалниот обвинител Шукри Јашари. Причината за експлозијата официјално е непозната, но речиси сите медиуми, повикувајќи се на очевидците и на продавачите во блиските продавници, објавија дека експлодирала боца со гас во објектот.

Меѓу повредените има и две деца, а четири лица се во тешка здравствена состојба и се борат за живот.

Приштинските медиуми наведуваат дека експлодирал канистер со гас во угостителскиот објект полн со гости, кој се наоѓа во рамките на трговскиот центар „Вилиџ“.

Директорот на болницата во Урошевац, Јетон Зеќири, рече дека 22 лица повредени во експлозијата се згрижени во таа институција, како и дека осуммина се пренесени во клиничкиот центар во Приштина поради сериозноста на повредите.

– Четири лица претрпеа сериозни изгореници и се во животна опасност, рече Зеќири.

На местото на експлозијата има голем број припадници на полицијата, пожарникари и екипи на Брза помош.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Експлозија во Тексас: Четворица повредени, неколку домови оштетени

Еден мртов, двајцата тешко повредени во експлозија во Белорусија

Драма во Амстердам: Автомобил експлодира на плоштад

ВИДЕО: Фрлени две рачни бомби на пошта во Косово

Русија: Пет лица повредени, 54 евакуирани поради експлозија на гас