17 лица се повредени во престрелката што се случи синоќа во кафуле во Приштина. Неколку од нив се повредени од истрели од огнено оружје, додека други се здобиле со повреди од фрагменти од стакло поради кршењето што настанало како последица на пукањето.
Повредените се испратени на лекување, додека полицијата, како што се наведува во соопштението, продолжува да работи на други оперативни и истражни дејствија.
„Во моментов се идентификувани најмалку двајца осомничени како инволвирани во овој случај, а се работи на откривање на други можни осомничени“, соопшти полицијата.
Директорот на Ургентниот центар Насер Сиља потврди дека еден од повредените е во животна опасност.
„Имаме вкупно 17 повредени лица, од кои седум со огнено оружје, а 10 со други повреди од скршено стакло или од инвентарот. Сите се во стабилна состојба, додека еден е во операциона сала и е во животна опасност. Останатите се стабилни. Возраста на пациентите се движи од 20 до 39 години“, изјави Сиља.