(ВИДЕО) Двајца мажи, бебе и девојче загинаа во сообраќајка во Грција

Од:

Четири лица загинаа, а четворица се тешко повредени во страшна сообраќајна несреќа во Грција. Двајца мажи, бебе и девојче (13) загинаа во судир на камион и три автомобили во Грција.

Несреќата се случила околу пладне кога возачот (39) на камионот, кој се движел кон Кипарисија, на патот Пиргош – Кипарисија, по свиок од непозната причина изгубил контрола и влегол во спротивната коловозна лента, па удрил во три автомобили кои се целосно оштетени.

Во еден од автомобилите загинале татко (38) и неговото бебе (1), а неговата сопруга (38) и синот (6) се тешко повредени и пренесени во болницата во Патрас. Во другото возило, кое било заглавено под камионот, биле татко (50) и ќерка (13), кои починале на лице место.

Во судирот повредени се и млад човек (25) кој бил интубиран во Каламата, возачот на камионот и уште еден маж (61) исто така се хоспитализирани.

Би можело да ве интересира

Велосипедист загина во Нови Сад, го прегази камион

А1он

Четворица повредени во сообраќајка на патот Скопје-Куманово

Горан Наумовски

Тешка сообраќајка во Сплит, повредени се пет деца

Две сообраќајки во Автокоманда, оштетени се пет возила

Горан Наумовски

Во близина на Битола, „поло“ излета од патот, тешко повреден е возачот

Македонски камионџија се судри со автомобил во Албанија, има жртви

Предраг Петровиќ