На Дубровничката плажа „Белви“, двајца мажи и покрај јавно истакнатите знаменца што означуваат опасна состојба, влегле да се капат во морето кое било опасно разбранувано од силниот ветер Југо.
„Брановите во Дубровник се поголеми отколку во Сплит, Задар или Шибеник, затоа што Дубровник има широк поглед на отворено море. Затоа после малку посилно Југо се истакнуваат црвени знаменца на градските плажи, кои алармираат на опасна состојба. Сепак овие двајца му пркосеа на невремето“ – рекол очевидец на настанот.