(ВИДЕО) Драма над Белград: Авион од Истанбул за Цирих принудно слета во главниот српски град

Од:

Авионот од Истанбул за Цирих принудно слета на белградскиот аеродром.

Причината не е позната, а претходно, како што се наведува на социјалните мрежи, авионот наводно ги прелетал Срем и Нови Сад и се вратил во Белград.

Прво, околу 14 часот и 30 минути беше објавено дека авионот „штотуку требаше да слета принудно“ на белградскиот аеродром.

„Авионот од Истанбул за Париз од непознати причини принудно слетува во Белград, со низок лет помина над Срем и Нови Сад и се враќа во Белград, луѓето кои го виделе авионот од земја велат дека имал отворени тркала“, се вели во објавата на 192.рс.

Неколку минути подоцна беше објавено дека првото итно слетување не успеало.

„Првото принудно слетување на авионот Париз-цирих во Белград не успеа, авионот го прелетува Белград“, пишува во објавата на „192.рс“.

Во следниот обид, како што се наведува, авионот успеал да слета.

Засега не е позната причината за принудното слетување на авионот, но, според медиумите во Србија, се тврди дека на еден од патниците му се слошило или дека се работи за помал дефект.

Би можело да ве интересира

Уапсена Хрватка која се обидела да упадне во зградата на српското Претседателство

(ВИДЕО) Трагедија во Србија: најмалку осум жртви во пожар во старечки дом

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ