(ВИДЕО) Детали за страотната експлозијата во Смедерево: Неколку килограми експлозив активирани поради кавга за кирија

Од:

Синоќа околу 20 часот и 30 минути во центарот на Смедерево, Србија дојде до експлозија во која најмалку едно лице загина, а две се повредени. Експлозијата се случила во стан на последниот кат од станбена зграда, а според српските медиуми оштетени се дваесетина стана, односно три ката и покривот на зградата.

Се уште нема официјална причина за експлозијата. Најпрво се шпекулираше дека во станот експлодирала плинска боца, но српски Телеграф и Блиц неофицијално дознаваат дека „експлодирале неколку килограми експлозив“ и дека најверојатно е убиен тој што ја активирал.

Во несреќата се повредени брат и сестра, целата зграда е евакуирана. Очевидци за српските медиуми изјавија дека експлозијата се слушнала на десетина километри.

„Почна да паѓа стакло. Се свртев и видов луѓе како излегуваат од зградата. Слушнав вресок. Отидов од стан до стан и прашував дали некому му треба помош? изјави за Блиц П.С. кој спасувал ранети луѓе, а на снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како ги вади соседите од зградата.

56-годишниот човек кој настрада всушност го донел експлозивот пишуваат српските медиуми. Тој дошол во зградата да ги замоли станарите да го напуштат станот бидејќи не плаќале кирија. Нивниот конфликт бил стар. Тој го активирал експлзивот во станот.

Братот и сестрата не сакаа да се иселат од станот. Тој дошол синоќа и донел чист експлозив. Се разнесе пред вратата. Делови од телото биле пронајдени наоколу поради големата разорна моќ што ја имала – цитираат извор од истрагата српските медиуми.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија