(ВИДЕО) Детали за експлозијата во Загреб: Фрлил две бомби и избегал, ќе настрадаше семејство со мало дете

Од:

По завршувањето на истрагата, полицијата ги соопшти деталите за експлозијата која вчера ги исплаши жителите на загрепската населба Рудеш. Како што наведуваат во соопштението, засега непознатиот сторител околу 17 часот и 25 минути фрлил две рачни бомби во дворот на зградата на улицата „Анина“.

Едната бомба експлодирала веднаш, но другата не. Од експлозијата оштетени се личниот автомобил на 41-годишник со загрепски регистерски таблички, автомобил со загрепски таблички сопственост на фирмата, предниот дел од куќата и прозорецот на приземјето, додека нема повредени, соопшти полицијата.

Втората рачна бомба под надзор на полициски службеници за антиексплозивна заштита била уништена со контролирана експлозија во 21:05 часот на местото на откривањето, се вели во соопштението.

Во периодот од 17 часот и 35 минути до 22 часот и 18 минути сообраќајот на улица „Ана“ е прекинат поради безбедност на граѓаните, ситуацијата била под контрола на полицијата, а денеска продолжува утврдувањето на околностите на настанот, соопштија од полицијата додавајќи дека вредноста на материјалната штета се уште не е утврдена .

Би можело да ве интересира

Aндрија Мандиќ, Милан Кнежевиќ и Алекса Бечиќ се прогласени за непожелни во Хрватска

Горан Наумовски

ВИДЕО: Убиецот пред масакрот бил во кафуле и честел „Рекол – одам за завршам нешто“

Катерина Ѓуровски

Масакр во Хрватска: Упаднал во дом за стари лица, убил петмина

Катерина Ѓуровски

Маж и жена од Загреб цели 20 години чувале возрасни лица како робови

Горан Наумовски

Украинец во Пула преку прозорец сликал Македонка, му го зела телефонот и го натерала да ги избрише сликите

Маж од Корчула сакал да ја убие сопругата