Снимка од моментот на земјотресот во Турција

Од:

Десетици лица беа повредени во Западна Турција во денешниот земјотрес со епицентар во Егејското Море.

Во Чанаккале над 50 лица побарале лекарска помош, има настрадани и во Едрене и на островот Гочкеда, што се наоѓа најблиску до епицентарот на потресот.

Од владината Дирекција за управување со вонредни состојби соопштија дека потресот бил со интензитет од 6,5 степени по Рихтер.

Земјотресот со епицентар во Егејското Море на длабочина од околу 25 километри бил почувствуван во поширок реон на Турција – од западната граница Едрене, Текирдаг, Каркалери преку Истанбул, Чанаккале, Балкесир, Маниса, до јужниот град Измир. По првиот потрес досега уследиле 14 вторични потреси.

Во Гокчеда биле повредени околу 15 лица, кои настрадале додека бегале или скокале од балконите. Во Чанаккале има околу 55 повредени, кои побарале лекарска помош.

Во Едрене, каде потресот бил почувствуван многу силно, паднале фасадите на неколку згради. И таму има повредени кои добиле лекарска помош.

Истанбулскиот окружен управник Хусеин Авни Мутлу изјави дека на територијата на округот нема повредени и информации за штети.

На многу места во прекин се телефонските врски.

Би можело да ве интересира

Два силни земјотреси го погодија Тајван

Горан Наумовски

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

Силен земјотрес го погоди островот Јава

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија