ВИДЕО: Четврти ден блокада, студентите остануваа пред РТС и за Велигден

Од:

Српските студенти ја продолжуваат блокадата на Радио телевизија Србија четврти ден. Тие и утрово се на неколку локации и ја попречуваат работата на јавниот сервис.

„Велигден ќе го поминеме пред РТС“ – порачаа синоќа студентите кои четврти ден по ред ја блокираат зградата на Радио-телевизија Србија (РТС). Порачаа дека борбата за вистината не смее да престане ниту за празниците.

Студентите ги поканија граѓаните да им се придружат пред зградата на РТС во недела, на Велигден.

„Донесете празнични украси, креирајте активности за децата, донесете вапцани јајца, понесете радост и љубов“, стои во објавата на социјалните мрежи од студентите кои се во блокада.

Студентите ја почнаа блокадата пред зградата на РТС во понеделникот, тврдејќи дека јавниот сервис не известува објективно за нивните протести. Најавија дека блокадата ќе трае додека не се распише нов конкурс за членови на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ), или додека РТС не се исклучи.

Српскиот радиодифузен сервис ја нарече блокадата нелегална, додавајќи дека на вработените им е оневозможено да влезат на своите работни места. Поради тоа, РТС објави дека го прилагодува програмскиот распоред поради отежнатите работни околности и апелира за прекин на блокадата.

Би можело да ве интересира

Студентите бараат итни оставки на генералниот директор и уредништвото во РТС

Катерина Ѓуровски

Студентите во Србија се против упадите во медиумите, се бара одземање на дозволата на Информер

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Протести пред Пинк и пред РТС во Белград, судири со полицијата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Избори во Србија: Во огромни колони се чека за гласање

Катерина Ѓуровски

Избори во Србија: Студентската листа води пред Вучиќ, покажува најнова анкета

ВИДЕО: Ова се мои последни денови како претседател, најави Вучиќ на собирот на СНС во Белград