Лидерот на српската Либерално-Демократска Партија, Чедомир Јовановиќ, повторно е во сите медиуми поради тепачка. На една од снимките од хаосот кој утринава се случи во Нови Београд се гледа како Јелена Јовановиќ, го влече својот сопруг Чедомоир Јовановиќ при судирот со адвокатот Дејан Дубајиќ, но не успева да ги раздвои. Јовановиќ замавнува со раката, а адвокатот Дубајиќ се тргна, додека сопругата во тој момент се обидува да ги раздели.
Инцидентот се случи изутринава кога лидерот на ЛДП го нападнал Дејан Дубајиќ, правен застапник на Амбулантата за рехабилитација Физио центар на Нови Београд, пред која Чедомир Јовановиќ пред три дена се тепаше со сопственикот на клиниката.
Јовановиќ, според една од верзиите, го нападнал адвокатот и му ги скршил наочарите пред Физио центарот. Јовановиќ демантираше дека имало каков било напад и тепачка.