Испитувањата открија од што боледува Чедомир Јовановиќ

Од:

Лекарите во Белград, по серија прегледи и испитувања, открија на што се должи тешката состојба во која се наоѓа српскиот политичар Чедомир Јовановиќ, кој е во болница откако му се јавија компликации поврзани со дишењето.

Според пишувањата на српските медиуми, кои се повикуваат на извори од Клиничкиот центар „Драгиша Мишовиќ“, лидерот на партијата ЛДП е во тешки болки поради плевритис – воспаление на белодробната обвивка.

Според лекарите, воспалението било под контрола, и тоа не е тешко и непредвидливо како воспалението на белите дробови, кое Јовановиќ го прележа минатото лето, кога беше позитивен на коронавирусот.

„Тој имаше болки и примаше терапија, и откако се извршени сите тестирања, направена му е магнетна резонанца на белите дробови, крвните садови и стомакот и утврдено е дека нема акутни здравствени проблеми. Тегобите што ги чувствува се резултат на воспаление на белодробната обвивка и таа состојба е под контрола,“ рекол изворот од клиниката за српските медиуми.

Јовановиќ дишел самостојно и има добра кислородна сатурација на крвта, а клучно за закрепнувањето од вакво воспаление е одморањето, лежењето и придржувањето до советите на лекарите, вели изворот.

Српскиот политичар и во јули беше во болница, кога му беше дијагностициран Ковид-19 и мораше со денови да биде ставен на кислородна поддршка, за која по излегувањето од болницата рече дека „му го спасила животот“.

Би можело да ве интересира

Сопругата на Чедомир Јовановиќ: Лошо е, прима морфиум, се гуши и има ужасни болки

Ана Ололовска

Чедомир Јовановиќ во тешка здравствена состојба

Ана Ололовска

Чедомир Јовановиќ повторно примен во ковид-болница во Белград

Жарко Настоски

ВИДЕО: Чедо Јовановиќ повторно во физичка пресметка, сопругата спречува тепачка

Ана Ололовска

Обвинителството истражува дали Чедомир Јовановиќ го нападнал сопственикот на клиниката „Физио центар“

Ландов

Чедомир Јовановиќ: Не сум сигурен што можам да очекувам во иднина

Ландов