Невреме со силен ветер, пороен дожд и град во последните 24 часа го погоди речиси целиот Балкански полуостров, а предизвикани се и материјални штети.
Синоќа невремето ги погоди Словенија и Хрватска, а денеска тоа продолжи во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија.
Во Мељине, Црна Гора оштетена е болницата, а властите прогласија вонредна состојба.
– Потполно е демолирана пумпната станица, кванташкиот пазар, има големи оштетувања на противпожарната станица, паднати се билборди. Не постои автоперални чии елементи не завршија во река, изјави началничката на комуналната полиција на Мељине, Марија Андриќ.
Ветерот превртел и два автомобили, а неофицијално повредено е едно лице.
Ветерот во Тиват оштетил и два помали авиони кои биле паркирани на платформата на аеродромот Тиват.
TIVAT: Nevrijeme oštetilo dva manja aviona na aerodromu https://t.co/MjIq3N6f4K pic.twitter.com/Ak2UL6o1BB
— Montenegro Magazin (@MneMagazin) June 9, 2018
Во повеќето општини на територијата на Босна и Херцеговина имало невреме, проследено со грмежи силен ветер и дожд. Откорнати се неколку дрвја.
Словенечкиот метеоролошки завод го подигна нивото на подготвеност на „црвено“, пренесува Хина.
Локалните медиуми пренесуваат дека невремето најлошо било на границата со Хрватска, каде што паѓал град со големина на тениски топки.
Уништени се неколку автомобили и кровово, а голема штета е предизвикана на земјоделските површини.
Во Србија денеска е издадено предупредување за грмотевици, пороен дожд, град и силен ветер.