Премиерката Ана Брнабиќ изјави дека не е оптимист по денешните разговори на самитот во Берлин.
Иако во регионот на Западен Балкан се потпишани три договори за мобилност, како што рече Брнабиќ, ЕУ дозволува да не се почитуваат претходните договори меѓу Белград и Приштина, на кои и ЕУ стави потпис, а тие сè уште ги принудуваат да почитуваат и склучуваат нови договори.
Таа рече дека во Берлин разговарала и со Жозеп Борељ и Мирослав Лајчак за прашањето за пререгистрација на регистарските таблички во Република Косово и посочи дека Курти ги прекршил сите договори од 2011, 2016 и 2021 година, како и еднострано ги откажа статусно неутралните регистерски таблички KS.
Се согласуваат дека е така и дека треба да има статусно неутрални таблички, но дека ништо не можат да направат, додаде премиерот.
Тоа е поразително за мене, изјави Брнабиќ.
Брнабиќ на новинарски прашања рече дека не може да најде сила да биде оптимист кога поминле речиси 10 години од потпишувањето на Бриселскиот договор, а Заедницата на српските општини се уште не е формирана. „ЗСО сè уште не постои. Курти рече дека нема да го спроведе Бриселскиот договор, а од друга страна не притискаат да одиме на други или конечни договори, како и да ги наречете. Овде се работи и за кредибилитетот на ЕУ, бидејќи покрај потписите на Белград и Приштина го има и потписот на ЕУ“, нагласи Брнабиќ.
Лидерите на шесторката од Западен Балкан денеска потпишаа три договори за мобилност на Самитот на Берлинскиот процес, со кои се овозможува патување со лична карта во регионот, меѓусебно признавање на универзитетски дипломи и професионални квалификации.