ВИДЕО: Босански камикази возат како да нема никој друг на патот

Од:

Човек кој редовно ја вози релацијата меѓу Бања Лука и блиското место Челињац во Република Српска, со камера поставена во неговото возило забележал неверојатни примери на опасно возење и непочитување на сообраќајните правила на овој пат.

На 15 километри долгиот правец на магистралниот пат М4, кој е еден од поопасните во БиХ, често се случуваат сообраќајни несреќи во кои има загинати и повредени, а на снимката се гледаат и дел од причините за ваквиот биланс.

Снимки како оваа веројатно би можеле да се направат и во секоја балканска земја, но статистиката покажува дека состојбата со безбедноста во сообраќајот е најлоша во Босна и Херцеговинa – таа е земја со највисока стапка на смртни случаи поврзани со сообраќајот годишно на 100.000 жители во регионот – 17,7. За споредба, Македонија има 9,4 смртни случаи на 100.000 жители, Албанија – 15,1, Црна Гора – 10,7, а во Србија оваа стапка изнесува 7,6.

Би можело да ве интересира

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина