„Обезбедувањето пристојна пензија за нашите мајки и татковци отсекогаш било врвен и неотповиклив приоритет на Владата“, рече бугарскиот премиер Бојко Борисов и најави дека пензионерите ќе добиваат дополнителни 50 лева (25 евра) секој месец.
“Секој бугарски пензионер ќе добие додаток од 50 лева на неговата пензија за месец октомври. Ова е она што го ветивме и ние ја исполнуваме нашата обврска. Оваа помош за време на пандемијата ќе ги достигне сите 2.119.256 пензионери во Бугарија. Владата денес издвои дополнителни 105.962.800 лева од буџетот на социјалното осигурување “, рече Борисов во видео пораката на Фејсбук.
Всеки един български пенсионер за трети пореден месец ще получи добавка от 50 лева към пенсията си за октомври. Това обещахме и изпълняваме ангажимента си.Тази помощ във времето на пандемия от COVID-19 ще достигне до всички 2 119 256 пенсионери у нас, за което правителството днес отпусна допълнителни 105 962 800 лева по бюджета на Държавното обществено осигуряване. Независимо от трудностите, пред които ни изправи COVID-19, от 1 юли т.г. с 6,7% увеличихме всички пенсии. По време на извънредното положение десетки хиляди пенсионери се възползваха от подкрепата за безплатен топъл обяд, социален патронаж и много други социални услуги за облекчаване и подобряване на живота на възрастните хора. Голяма част от тези дейности продължават да се реализират и до края на годината. Защото осигуряването на достойни старини на нашите майки и бащи винаги са били първостепенен и неотменен приоритет на правителството. Продължаваме активно да работим за нови и нови мерки в подкрепа на пенсионерите.
Posted by Boyko Borissov on Среда, 16 септември 2020
„Сите пензии ги зголемивме за 6,7 отсто од 1 јули оваа година. За време на вонредната состојба, десетици илјади пензионери имаа корист од владината поддршка за бесплатен топол оброк, социјална грижа и други социјални услуги за олеснување и подобрување на животот на старите лица. Голем дел од овие активности ќе продолжат до крајот на годината, бидејќи обезбедувањето пристојна старост на нашите мајки и татковци отсекогаш претставувало врвен и неотуѓив приоритет на Владата, да работиме за нови мерки за поддршка на пензионерите “, додаде бугарскиот премиер.