ВИДЕО: Апокалиптични сцени од Нови Сад, повторно затворен аеродромот во Белград

Од:

По Италија, Словенија, Хрватска, силен дожд пропратен со грмежи и бурен ветер пристигна и во Србија. Прв беше погоден Сомбор, каде силните ветрови соборија дрвја. Дожд со грмежи и во Суботица. Без струја се делови од Нови Сад, Бачка Паланка, Темерин, Жабља и Футог. РХМЗ објави дека е загрозена безбедноста на луѓето и животните. Издадена е забрана за полнење гориво на аеродромот „Никола Тесла“.

Дрво падна врз трафика на кејот во Белград, спроти Домот на АРМ, во Нови Сад. Пожарникарите се на терен, а во тек е спасувањето на работникот кој бил внатре. Засега нема информации дали жената е повредена.

Дожд пропратен со силен ветер паѓа и во Нови Сад, а во некои делови од градот нема струја. Граѓаните на социјалните мрежи објавуваат снимки на кои се гледа како ветрот урнал дрвја.

Јелена Прица од новосадскиот „Градски зеленил“ за РТС изјави дека повеќе од 100 работници се подготвени да излезат на терен веднаш штом помине најлошото невреме.

Како што вели, веќе имало пријави дека на повеќе места во градот паднале дрвја на коловозот.

Нешто по 20 часот на аеродромот „Никола Тесла“ стапи на сила забраната за снабдување на авиони со гориво, согласно одредбите од Законот за воздушен сообраќај и пропишаната безбедносна процедура, соопштија од прес-службата на аеродромот.

Според извештаите, штом ќе заврши забраната, летовите продолжуваат да функционираат редовно, а авиокомпаниите имаат приоритети за снабдување со гориво на нивните летови.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија