(ВИДЕО) Албански пратеници се судрија со обезбедувањето, па преку прозори упаднаа во Собранието

Од:

Нов скандал се случи денеска во албанскиот парламент кога обезбедувањето се обиде да ги спречи суспендираните пратеници да влезат во зградата. Неколку пратеници на Демократската партија влегоа во парламентот преку прозорец откако претходно жестоко се судрија со обезбедувањето пред главната капија.

Пратениците кои биле внатре ги отвориле прозорците на парламентот, по што со помош на столчиња и клима-уредите суспендираните пратеници влегоа во Собранието. Обезбедувањето претходно ја заклучи портата за да ги спречи пратениците од опозицијата кои беа исклучени од седниците да влезат во Собранието. Осуммина демократски пратеници, да потсетиме, беа исклучени на 10 дена поради физички конфликт со пратеници од социјалистите на претходните седници.

Единствениот кој можеше да влезе во просториите на Собранието беше поранешниот премиер Сали Бериша, кој преку прозорец го опиша настанот како скандал бидејќи пратениците не смеат да влезат во нивните канцеларии.

Би можело да ве интересира

Неколку пратеници од Собранието добиле заканувачка порака

Земјотрес во Албанија почувствуван и во Македонија

Три лица загинаа во престрелка во Албанија, се трага по напаѓачите

Горан Наумовски

Три лица загинаа во престрелка во Албанија, полицијата трага по сторителите

Горан Наумовски

Директорката на албански ИНСАТ ги отфрли обвинувањата за манипулации со пописните резултати

ВИДЕО: Албански планинари го отстранија македонското и го закачија албанското знаме на врвот на Кораб

Катерина Ѓуровски