ВИДЕО: 24-часовна блокада на Автокоманда во Белград

Од:

Студентите денеска организираат голема 24-часовна блокада на Автокоманда, еден на најважните сообраќајни јазли во Белград. Почетокот е најавен за 10 часот, но според информациите од Белград, студените и средношколците веќе се собираат. На видеата кои ги објавуваат дел од српските медиуми и на социјалните мрежи, на блокадата се приклучуваат земјоделците кои пристигнаа со трактори и беа бурно поздравени од граѓаните.

По Генералниот штрајк во петокот, студентите од Србија продолжуваат со активностите до исполнување на барањата, а тоа е одговорност за падот на настрешницата на Железничката во Нови Сад, објавување на сите документи и апсење и судење на сите кои на протестите ги напаѓаа студентите.

По двата големи инциденти, кога две студентки беа прегазени на блокадите, министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ најави дека полицијата ќе го регулира сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Потврдено е обвинението против тројца обвинети за уривање на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор