Српскиот претседател Александар Вучиќ се обрати за прв пат откако ја прекина посетата на САД поради болки во градите, по што се врати во Србија.
Вучиќ на Инстаграм напиша:
„Почнувајќи од оваа недела, ќе чекориме самоуверено, со вера во нашите срца и души, бидејќи никој не може да ја запре Србија која создава, гради и сонува. Поминавме низ тешкотии, наидовме на пречки, но тие не нè скршија. Не можеа, бидејќи соништата на народот кој верува во работата, чесноста и љубовта кон својата земја не можат да бидат уништени. Гордоста, достоинството и вербата во подобро утре отсекогаш нè воделе! Затоа продолжуваме заедно кон целта, одам пред вас за да бидам штит, да се борам и да дадам сè што можам за земјата што ја сакам. Сите мора да одиме напред за Србија – заедно, силно, непоколебливо. Да живее Србија“, рече Вучиќ.