Верскиот туризам во Меѓугорје „тежок“ повеќе од 11 милијарди евра

Од:

Верскиот туризам во Меѓугорје, покренат по наводното укажување на Богородица во 1981 година, до денес донесе промет од повеќе од 11 милијарди евра. Само на градот му донел приходи од околу три милијарди евра, додека локалната црква од верниците „инкасирала“ 290 милиони евра, објави мостарски Дневни лист.

Податоците се цитирани од докторска дисертација на Венцел Цуљак од Факултетот за општествени науки – Феноменот на Меѓугорје како светски бренд и топ дестинација за верски туризам.

Според податоците, Меѓугорје од 1981 година до крајот на 2013 година го посетиле 28 милиони верници и туристи од кои 21 милион биле странци.

Секоја година Меѓугорје остварува приходи од 90 милиони евра, и 1,9 милони ноќевања. Според тие пресметки, вкупните приходи Меѓугорје за изминатите повеќе од три децении, изнесувале 2,85 милијарди евра, а остварени се 65 милиони ноќевања.

Добро заработиле и оние што превезуваат туристи до Меѓугорје – проценките се дека за патни трошоци се издвоени дури 8,5 милијарди евра.

Црквата во Меѓугорје за 32 години оствариле вкупни приходи и тоа без донации, од 290 милиони евра. Меѓугорје има 4.600 жители и моментно располага со 18.500 кревети за ноќевања за странци и домашни туристи.

Педесет и седум отсто од новоизградените објекти наменети за туризам изградени се без потребни дозволи и согласности, се вели во истражувањето.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: СИПА се обиде да го приведе Додик во источно Сараево, се спротивстави полицијата на Српска

Предраг Петровиќ

Земјотрес во Црна Гора: „Добро се тресеше“

Вучиќ и покрај заканите од ЕУ ќе оди во Москва: Не ја менувам одлуката

Изгласана новата Влада на Србија

Вучиќ го објави извештајот на руската ФСБ во кој се тврди дека на протестите во Белград не бил употребен звучен топ.

Предраг Петровиќ

Интерпол го одби барањето на БиХ за распишување меѓународна потерница за Додик