Венизелос: Турција треба да ја почитува ексклузивната економска зона на Кипар

Од:

Анкара треба да ја почитува ексклузивната економска зона на Кипар ако сака преговорите за обединување на островот, кои се водат со посредство на Обединетите нации, да бидат обновени, изјави шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос, пред да замине на посета во Турција за време на викендот.

– Ние се соочуваме со многу едноставно решение за обновување на преговорите. Решението е Турција да престане со кршењето на суверените права на Кипар, посочи Венизелос.

Никозија ги прекина преговорите во октомври откако Турција го испрати бродот „Барбарос“ во исклучителната економска зона на Кипар да бара нафта и природен гас.

Предвидено е Венизелос утре да се сретне со турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу, а потоа со турскиот преседател Реџеп Таип Ердоган.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит