Венизелос: Спасувачката спогодба меѓу Грција и меѓународните кредитори веројатно ќе биде раскината

Од:

Спасувачката спогодба меѓу Грција и нејзините меѓународни кредитори веројатно ќе биде раскината за неколку дена или недели, од технички причини, изјави грчкиот вицепремиер Евангелос Венизелос по денешната средба со премиерот Андонис Самарас, соопшти весникот „Етнос“.

– Спогодбата завршува на 31 декември, а целта и е последната транша од кредитите за Грција да биде исплатена до 31 декември. Доколку од технички причини дотогаш не бидат финализирани некои процедури може да дојде до раскинување на спогодбата, но не и новата спогодба со кредиторите, бидејќи новата програма со нив ќе значи нов заем, а тоа не може да се случи, рече Венизелос.

Весникот „Волстрит џурнал“ тврди дека ММФ и Германија биле расположени да прифатат шестмесечно раскинување на спасувачката спогодба со Грција, но за тоа да се случи, според весникот, грчката Влада треба тоа официјално да го побара до крајот на следната недела, за да можат националните парламенти на земјите од еврозоната да го одобрат раскинувањето пред Божикните празници.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит