Венизелос побара единство од партиите за избор на претседател на Грција

Од:

Лидерот на ПАСОК и грчки вицепремиер и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос денеска истакна дека политичките партии во Грција не треба да се обидат да го блокираат изборот на шеф на државата следната година, што би довело до предвремени парламентарни избори.

Конзервативците од Нова демократија на Андонис Самарас постојано се под притисок од страна на главната опозициска Коалиција на радикалната левица (Сириза), која бара предвремени избори, откако партијата на премиерот беше втора на изборите за Европскиот парламент.

Грчкиот Парламент во март следната година ќе избира нов претседател на државата. Согласно Уставот, претседателот на Грција се бира од Парламентот во три круга. Доколку во рамките на таа процедура не биде избран шеф на државата, Парламентот се распушта и се свикуваат нови избори.

Претседателот може да биде избран во првиот круг, доколку добие поддршка од 200, односно две третини од вкупно 300 пратеници во парламентот. Партиите од владејачката коалиција во моментов имаат само 153 места, а неможноста да се договорат кој ќе го замени Папуљас, може да претставува голема закана за опстанокот на Владата.

Познавачите на состојбите оценуваат дека за Венизелос многу работи се ставени на коцка, со оглед на тоа што ПАСОК воопшто не е популарен меѓу Грците, и токму затоа побара од членовите на неговата партија, и на новоформираното левоцентристичк движење Елиа (Маслиново дрво), да нема несогласувања околу изборот на претседател на државата.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит