Венизелос: Грција е директно заинтересирана за евроинтеграциите на Западен Балкан

Од:

Грција е директно заинтересирана за европската интеграција на земјите од Западен Балкан, а исто така и за „медитеранската димензија“ на овој процес, што е исклучително важнo за стабилноста и развојот на регионот, изјави грчкиот вицепремиер и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос.

Ваквата изјава шефот на грчката дипломатија ја даде при претставувањето на приоритетите на грчкото претседавање со ЕУ на конференцијата за Западен Балкан во Виена, организирана од австриското Министерство занадворешни работи, јави радио Атина.

Венизелос денеска во Варшава ќе учествува на свечената церемонија со која ќе се одбележи 25-годишнината од политичките промени во Полска и во државите од Централна и Источна Европа.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит